![eu sankcii](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/eu-sankcii.jpg?resize=696%2C442&ssl=1)
Грција и Малта заостануваат зад другите земји членки на Европската унија во замрзнувањето на руските капитали кои се санкционирани поради руската инвазија во Украина во време додека ЕУ разгледува дали може да го користи тој капитал за да ѝ помогне на власта во Киев, навел функционер на ЕУ во интерен документ во кој увид имала агенцијата Reuters.
Во земјите ЕУ досега е замрзнат капитал во вредност од 20,3 милијарди евра. Капитали во износ од повеќе милијарди замрзнале италијанските, ирските, француските, шпанските, германските, белгиските, луксембуршките и австриските власти, според документот.
Речиси секоја втора земја членка на ЕУ замрзната руски капитал вреден од најмалку повеќе милиони евра, според документот на Европската комисија, на кој се повикува Reuters.
Грција и Малта ги бранат своите постапки по прашањето на антируските санкции. Грција потврдила дека ја известила ЕУ за замрзнување на капитал во вредност од 212.000 евра, а Малта рекла дека замрзнала руски капитал во вредност од 147.000 евра.
„Тоа е помалку изненадувачки. Или немаат многу ли не ја работат својата работа или нешто сториле, а нас не нѐ известиле за тоа иако можеле“, рекол за Reuters функционер на ЕУ кој барал анонимност.
Грчки функционер рекол дека во споменатата бројка е вклучен целиот капитал кој Атина го идентификувала врз основа на списокот на санкциите на ЕУ.
„Грчката инвестициска атмосфера не е погодна за прилив на руски капитал и оф-шор компании“, рекол грчкиот функционер.
Портпаролот на владата на Малта, исто така, го потврдил наводот за замрзнатиот руски капитал. Одбил да одговори дали Малта ќе замрзне дополнителни средства според сегашните санкции.
„Капиталот е замрзнат или распродаден според судските одлуки, додека приходите се замрзнати поради соработката на Малта со другите европски јурисдикции“, рекол.
На списокот санкционирани на ЕУ има 1.300 лица и 120 ентитети. ЕУ годинава ќе разгледува можно користење на замрзнатите руски капитали за да помогне во обновување на Украина. Во тој случај би располагала и со 300 милијарди евра капитал на руската централна банка на територијата на ЕУ, но западните стручњаци предупредуваат дека се чини оти тоа е во спротивност со меѓународното право и може да претставува опасен преседан.
Европската комисија минатата година предложи вложување на замрзнатиот руски капитал и предавање на приходите од него на Украина. Така, капиталот би можело да им биде вратен на сопствениците ако санкциите бидат укинати. Таквата постапка би била без преседан и некои земји членки изразија загриженост поради можни тужби пред меѓународните судови.
ЕУ, исто така, работи на тоа заобиколувањето на санкциите против Русија да биде кривично дели во државите членки.