![Gazprom](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/gazprom-1.jpg?resize=640%2C409&ssl=1)
Грција планира во мај ќе му ги плати испораките на руски „Газпром“ почитувајќи го санкциите на Европската унија, изјави во четвртокот министерот за енергетика Костас Скрекас.
„Газпром“ во средата ги запре испораките на гасот за Бугарија и Полска кои го одбија новиот механизам за плаќање на испораките на енергенсто од земјите кои ѝ наметнаа санкции на Русија кој пропишува дека крајното плаќање на гасот треба да биде во рубљи преку посредничка банка во Русија.
Според овој механизам, купувачите исплаќаат на посебна сметка во „Газпромбанк“, во договорената валута, главно евро или долар, а таа потоа ги продава на аукција на Московската берза и ги уплаќа на сметката на „Газпром“.
Рускиот претседател Владимир Путин го наложи плаќањето на гасот во рубљи кон крајот на март, за купувачите кои и наметнаа нови санкции на Русија, како САД, ЕУ и Швајцарија, блокирајќи и го притоа пристапот до меѓународниот платен систем и нејзините резерви во странски влаути во странски банки.
Грција со увозот од Русија подмирува повеќе од 30 отсто од своите потреби од гасот и со „Газпром“ склучи долгорочен договор кој ѝ овозможува повластени цени а кој истекува во 20266 година.
Грчкиот гасен оператор DEPA мора да ја плати следната сметка, за гасот испорачан во април, на 25-ти мај, изјави во четвртокот за радиото Skay, министерот Скрекас, без да прецизира како ќе биде изведено плаќањето.
„Ќе платиме така што нема да ги пркршиме санкциите и да обезбедимте снабдување на земјата со енергија. Газпром предложи механизам за плаќањето, кој вклучува правни, финансиски и политички апсекти и ние сега сите ги анализираме“, додаде грчкиот министер за енергетика.
Скрекас притоа ги повика колегите од Европската унија на состанокот закажан за следната седмица, да усвојат заеднички став за тоа прашање.
Европската комисија им порача минатата седмица на компаниите дека санкциите не им забрануваат отворање сметка во „Газпромбанк“, истакнувајќи воедно дека од Русија би требало да бараат потврда дека со уплата на парите на сметката во „Газмпромбанк“ ги исполните договорните обврски.
Седмица претходно ЕК во „прелиминарната и техничка белешка“ истакна дека приблемот на губење контрола над парите во моментот на уплата на сумата во договорената валута, предупредувајќи дека со тоа се создава можност за дополнителни трошоци и наводна руска манипулација со курсот на валутите.
Портпаролот на грчката влада изјави денеска дека конверзијата е техничко прашање.
„Досега плаќавме во евра и тоа ќе го правиме и во иднина. Прашањето како тие ќе бидат конвертирани во рубљи ќе биде разјаснето. Верувам дека до крајот на мај, кога мораме да му платиме на ‘Газпром’, постапката ќе биде кристално јасна“, додадоа од портпаролот на грчката влада.