За да се осигури безбедносна епидемиолошка атмосфера во рамките во настојувањата да го поткрепи паднатиот туристички сектор за летната сезона 2021 година, грчките власти планираат да го вакцинираат против Covid-19 локалното население во туристичките региони и работниците во угостителскиот сектори, пренесува АТОР.
Според бројот на дневните вакцинации, околу 15.500 на дневно ниво, Грција е на петтото место меѓу 27-те земји членки на Европската унија. Во јануари биле спроведени 269.100 вакцинации, што е за релиси 70.000 повеќе од првични планираното. Повеќе од 40.000 грчки граѓни веќе го добиле двете дози од вакцината. За првата седмица од февруари пријавени за вакцинација се уште 120.000 лица.
Властите проценуваат дека до почетокот на летната сезона, околу третина од населението во земјата ќе биде вакцинирано. Меѓу приоритетните групи за имунизација, грчките власти ги вклучија и вработените во услужниот сектор и во туризмот.
Европските медиуми го истакнуваат нетипичниот пристап на Грција кон кампањата за вакцинација, односно истовремено и на континенталниот дел на земјата и на оддалечените острови, како и во селата во кои никогаш немало потврден случај на коронавирус.
На пример, на архипелагот Кастелоризо во источен Медитеран, каде што во текот на зимата живеат само 200 луѓе, вакцинирани се веќе 80 отсто. Така, кога летово ќе се зголеми значително бројот на локалното население, и самото тоа и туристите ќе бидат заштитени од вирусот.