![Sokratis Famelos Siriza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/famellos_syriza.jpg?resize=696%2C499&ssl=1)
Сократис Фамелос е новиот челник на грчката левичарска партија Сириза, откако на вчерашните партиски избори освои речиси 50 насто од гласовите, додека Павлос Полакис доби 43 насто, а третиот кандидат Никос Фарандурис освои 5 насто од гласовите.
По заминувањето на Стефанос Каселакис во опозициската Сириза преовладува оптимизмот дека во партијата има единство и дека грчката левица ќе се врати на своите основни идеолошки премиси на дејствување.
На вчерашните избори гласаа 70.000 членови на Сириза што е двојно помалку од бројката на гласчи кога Каселакис беше избран за лидер пред една ипол година. За Алексис Ципрас кога беше избран за лидер гласаа над 150.000 членови за него.
Сепак, високи партиски извори велат дека по година и пол насмевките во Сириза повторно се вратија како и оптимизмот за идното политичко дејствување на партијата.
Лидерот на центристичкиот ПАСОК Никос Андрулакис синоќа му телефонираше на Фамелос со честитки за неговиот избор на претседателската функција во Сириза.
Популарноста на левичарската Сириза постојано опаѓа. Партијата освои 35 насто од глсовите во 2015 кога формираше влада, во 209 освои 31 насто од гласовите, а на европските избори освои 19 насто.
Откако на кормилото на партијата застана бизнисменот Стефанос Каселакис, според анкетите, поддршката за Сириза стана едноцифрена, а втора партија во Грција е ПАСОК. На Каселакис му беше изгласана недоверба во септември, а тој по заминувањето од Сириза најави формирање на нова партија „Движење за демократија“.