Грција заплени руски танкер

Грција заплени руски нафтен танкер во Егејското Море во рамки на санкциите на Европската унија воведени кон Русија, соопштија официјални лица.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека на 15 април бил запленет танкер „Пегазус“, кој пловел под руско знаме со 19 членови на рускиот екипаж и дека моментално е закотвен во заливот Каристос, на јужниот брег на островот Евија. Крајбрежната стража соопшти дека наредбата за заплена се однесува на самиот брод, а не и на неговиот товар.
Европската унија, чиј член е Грција, усвои широк опсег на санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, со цел да изврши притисок врз руската економија и врз владата на претседателот Владимир Путин.
Санкциите вклучуваат забрана за увоз и извоз на различни производи, како и забрана за влез на бродови под руско знаме во пристаништата на земјите-членки на ЕУ.

фото: Б92.нет