Властите во Грција соопштија дека ќе воведат бесплатно користење на струја за граѓаните за да го спречат загадувањето на воздухот.
Министерот за здравство на Грција, Адонис Греогиадис, рекол дека граѓаните ќе имаат бесплатна струја кога загаденоста на воздухот ќе биде на високо ниво. Тој рекол дека овие мерки ќе се воведат за да се спречи и намали користењето на дрва и печки на цврсто гориво во станбените објекти.
Грците ќе можат бесплатно да ја користат струјата доколку концентрацијата на штетни гасови биде повисока од 150 микрограми на метар кубен. Сепак, концентрацијата на штетни гасови до сега не надмина над 100 микрограма по метар кубен во подрачјето на Атика.
Граѓаните на Грција, поради економската криза наместо гас да користат печки на цврсто гориво, што ќе предизвика поголема загаденост на воздухот.