Вчерашниот состанок на министрите за финансии од еврозоната за решаварање на грчката должничка криза заврши без договор и се очекува денеска да продолжи.
Очекувањата од вчерашните преговори не беа исполнети, откако беше објавени дека остануваат разлики меѓу Грција и нејзините кредитори за тоа какви реформи земјата треба да усвои во замена за финансиска помош.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави синоќа дека има малку надеж дека ќе биде постигнат договор со Грција на состанокот на еврозоната.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред заминувањето за Брисел изјави дека некои кредитори не ги прифаќаат предлозите на Атина за деблокирање на исплатата на останатата финансиска помош.