
Во Грција денеска нема да можат да се купат весници, поради 24-часовен штрајк на вработените во агенциите за дистрибуција „Аргос“ и „Европи“.
Синдикатот на вработените во Атинската агенција за весници одржува 24-часовен предупредувачки штрајк, од 18 часот вчера, до 18 часот денеска, со барање за потпишување нов колективен договор за работни односи.