Грција денеска ќе биде зафатена од првата вистински жежок бран ова лето, јавија грчките медиуми.
Властите во земјата прогласија вонредни мерки, бидејќи се очекува температурите да достигнат до 41 степен Целзиусов.
Жешкото време ќе се заддржи до недела, од кога се очекува температурите постепено да паднат за десет степени.
Министерството за здравство на Грција им препорачува на ризичните групи и најмногу на оние на возраст над 65 години, кои страдаат од хронични заболувања, да се воздржат од прошетки по жешкото време.