Преносот на предвидената транша во висина од 7,5 милијарди евра за Грција е завршен.
Тоа го потврди Клаус Реглинг, реководителот на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), кој во Атина денеска се сретна со раководителот на грчката централна банка Јанис Стурнарас и со министерот за финансии Евклидис Цакалотос, јави грчкиот весник „Нафтемборики“.
Реглинг појасни дека тоа е втора транша во рамките на третата меѓународна програма за финансиска помош на Грција, која е во висина од 86 милијарди евра, согласно која земјата ќе отплаќа долг во рок од 32 години, со камата од еден процент.
Клаус Реглинг се ангажира спасителен фонд со кој раководи да продолжи да ја поддржува Грција и да и дава кредити на земјата под многу поволни услови.