Грција денеска го исплати заостанатиот долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во висина од речиси две милијарди евра, соопшти портпаролот на оваа финансиска институција Џери Рајс, пренесе МИА.
– Грција повеќе не доцни во отплатата на долговоите кон ММФ, изјави Рајс.
Тој при тоа нагласи и дека ММФ е подготвен да продолжи да и помага на Грција во напорите да ги поврати финансиската стабилност и економскиот раст.
Претходно, Атина го исплати и долг од 4,2 милијарди евра кон Европската централна банка кој доспеа денеска, а и врати околу 500 милиони евра на Централната банка на Грција.
Исплатените средствата се дел од преодниот кредит од 7,16 милијарди евра од Европскиот стабилизацикси механизм, што и беше одобрен на Грција во рамките на нејзниот договор со доверителите.