Грција го отфрла извештајот дека може да се откаже од финансиската помош

Официјална Атина го демантираше во вторникот извештајот на германските медиуми дека би можела да се откаже од кредитите во рамките на третиот пакет од меѓународната финансиска помош за презадолжената земја, коишто ѝ се потребни за исплата коишто доспеваат за наплата во јули, доколку доверителите понудат јасни услови за ублажување на долгот.

Германскиот весник Bild објави во вторникот дека Грција би можела да се откаже од 7 милијарди евра нови кредити, доколку не добие сеопфатно ублажување на долгот, како и дека не добива сеопфатно ублажување на долгот, како и дека настрана става милијарди евра подготвувајќи за ова сценарио.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос го негираше споменатиот напис, изјавувајќи дека договорот за ублажување на долгот може да биде постигнат на следниот состанок на министрите за финансии на земјите од еврозоната кој ќе се одржи за помалку од три седмици.

„Тоа не е вистина. Решението ќе биде постигнато на 15 јуни“, изјавил за Rеuters портпаролот Цанакопулос.

Министрите од финансии од еврозоната не успеаја да се договорат со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатата седмица за условите за ублажување на долгот на Грција и не дадоа нови заеми за Атина, но признаа дека е постигната значителен напредок во реформите.

Гриција во јули треба да плати 7 милијарди евра, што е сума којашто не може да ја исплати доколку не ја добие новата транша од последниот трет пакет помош во износ од 86 милијарди евра.

Грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос изјави дека во извештајот е искривено прикажано она што го кажал на прес-конференција ден претходно и одаде дека не е вистина дека Грција става пари настран за испалт на долгот. „Весникот Bild го искриви она што вчера го кажав“, рекол за Reuters.