Дали Заев може да потпише толку, колку што Грција може да посака, прашува пратеникот Антонио Милошоски во статус објавен на Фејсбук.
Статусот на Милошоски го пренесуваме во целост:
„Јавноста се прашува зошто Зоран Заев и неговите советници за односи со Атина, Маричиќ и
Башановиќ сѐ уште не се во грчката Мала Преспа да го потпишат договорот за смена Уставот и
името?
Затоа што освен прифатениот пакет за името
Republic of Northern Macedonia и
Nationality: of the Republic of Northern Macedonia
Грција вчера испорачала уште две барања, кои не биле дел од усогласената рамка на Договорот Коѕијас-Димитров од Брисел:
1. Јазикот да не се запише Macedonian како што е сега заведен во ОН, туку латинично makedonski без никаков превод и
2. Менувањето на Уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО
и датумот за преговори со ЕУ, во Јуни/Јули оваа година, туку Македонија прво да организира
референдум со позитивен исход, истовремено да си го смени Уставот, па дури потоа да очекува да
биде поканета за НАТО и ЕУ.
Третата опција е договарањето да се одложи за неколку месеци.
Ставот на Заев кон овие барања е билет кон Преспа Микра!”