Организацијата на грчкото етничко малцинство во Албанија, „Омонија“ ја обвини Владата во Тирана дека не ги почитува преземените предизборни и постизборни обврски и дека продолжува да ги крши човековите права на Грците во земјата и да ги занемарува нивните барања.
Како што јави агенцијата АНА-МПА, во својата порака, организацијата „Омонија“ и препорачува на партијата на грчкото малцинство, Унијата за човекови права, која е дел од владината коалиција, да преземе иницијативи за сите прашања поврзани со обврските на Владата околу почитувањето на човековите права, како и во оставрување на барањата на Грците поврзани со државната управа, образованието и имотните прашања.