Грција ќе поддржи членство на Косово во меѓународните организации

Шефот на грчката дипломатија Николаос Коцијас на средбата со косовскиот премиер Исa Мустафа изјави дека Атина ќе го поддржи зачленувањето на Косово во меѓународните организации.

Како што јавија приштинските медиуми, Коцијас избегнал да одговори на новинарско прашање дали Грција ќе го признае Косово.

– Грција ќе му помогне на Косово да се зачлени во некои меѓународни организации, посочи Коцијас, додавајќи оти Атина ќе отвори Канцеларија за соработка меѓу Грција и Косово.

Мустафа му се заблагодари на Коцијас за поддршката од Грција за Косово.