Грција очекува деблокирање на три милијарди евра

Бриселската група за Грција под раководство на заменик претседателот на ЕК и комесар за евро, Валдис Домбровскис, почна консултации за деблокирање на техничка помош за Атина од три милијарди евра, соопшти МИА.

Тоа го соопшти денеска на брифинг Аника Брејдхарт, портпарол на ЕК за економски прашања.

Бриселската група почна консултации кои треба да помогнат Грција да добие техничка помош од различни фондови на ЕУ чија висина може да биде три милијарди евра.

Според неа, минатата недела на Грција и биле дадени од 200 до 300 милиони евра техничка помош. Тие пари не се дел од макрофинансиската помош за Грција.