Грчката крајбрежна стража откри 35 имигранти од различни националности во водите на островот Самос во Егејското Море.
Имигрантите патувале со гумен чамец и се обратиле за помош по мобилен телефон.
Инцидентот се случил во морската област северно од островот Самос, каде во моментот полицијата врши увид.