![grcija-penzija-banka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/grcija-penzija-banka.jpg?resize=696%2C266&ssl=1)
Фотографијата на која се наоѓа седумдесет и седумгодишниот грчки пензионер Јоргос Чацифотијадис го обиколи светот. Тој е човекот кој во очај дека не може да си ја подигне пензијата седна пред една од банките и започна да плаче.
За француката агенција АФП изјавил дека не може да поднесе да ја види неговата земја во таков хаос.
-Затоа се чувствував толку скршен, а не заради своите лични проблеми, изјави тој.
Чацифотијадис и неговата сопруга живееле одредено време во Германија каде работел во рудник за јаглен, а потоа и во леарница.
-Ги гледам моите сограѓани како молат за неколку центи за да купат леб. Гледам се повеќе и повеќе самоубиства. И јас сум сензибилен човек. Јас не можам да поднесам да ја гледам мојата земја во оваа ситуација, рече Чацифотијадис.
Тој смета дека Европа и Грција направиле многу грешки и за тоа мора да се најде решение.
Не е сигурен дека ќе гласа на денешниот референдум, бидејќи најблиското гласачко место се наоѓа 80 км од неговиот дом.