Грција под вода: Починати лица, сообраќајни несреќи…

Најмалку три лица загинаа и едно се води како исчезнато во полавите што го зафатија југоисточниот дел на Пелопонез, соопштија денеска грчките власти.

Една 62 годишна жена која имала проблеми со одењето е пронајдена мртва во нејзината куќа во селото Пидима, во близина на Каламата, додека 80-годишен маж загинал во селото Туриа. Нема детали за третата жртва. Во поплавите се удавиле и десетици животни.

Властите соопштија дека неколку села се уште се изолирани и недостапни поради поплавени патишта.

Локалнте власти побараа од Владата да прогласи вонредна состојба во областа. Градоначалникот на Каламата информира дека нивото на водата во некои делови достигнало два метри.

Невремето кое вчера попладне ја зафати Грција предизвика големи проблеми во целата земја. Обилните дождови во центарот и источните делови од Волос поплавија улици и прекинаа телефонски линии неколку часа. Снабдувањето со електрична енергија, исто така, беше во прекин во Анаврос, Неа Димитриада, Астериа, Агриа, Лехониа и во  села јужно од Пилио.

Во градот Пиргос, противпожарната бригада примила околу 150 повици за поплавени подруми и простории, како и за паднати дрва на патишта. И противпожарната скужба во Солун примила десетици повици за поплавени куќи и објекти во повеќе делови од градот.

Врнежите исто така предизвикале многу сообраќајни несреќи.