Грција ќе добие нова финансиска помош, одлучија едногласно лидерите од еврозоната, наведе Доналд Туск претседател на Европскиот совет кој претседаваше со средбата на еврозоната посветена на Грција.
– Се е подготвено Европскиот механизам за стабилност да обезбеди финансиска помош за Грција во замена за сериозни реформи, наведе Туск на Твитер, пренесува МИА.
Одлуката беше донесена по 22 часа преговори.