Грција постигна договор со Тројката

Грција постигна договор со Тројката меѓународни кредитори, а со тоа и се овозможува пристапот до следната кредитна транша во износ од 10 милијарди евра, без потребата од дополнително намалување на трошоците, пишува весникот „Фајненшл Тајмс“.

Договорот со Тројката (ЕК, ЕЦБ и ММФ) е резултат од шестмесечните преговори што министерот за финансии на земјата, Јанис Стурнарас ги опиша како најтешките во последните четири години, од моментот кога Грција побара меѓународна финансиска помош.

Со договорот и се овозможува на Грција пристап до кредитната транша во износ од 10 милијарди евра, што ќе и овозможи на земјата во мај да изврши исплати на должничките обврски за сума од 9,3 милијарди евра.

„Постигнатата спогодба претпоставува важни значајни структурни измени кои ќе овозможат либерализација на економијата, зголемување на нејзината конкурентност и намалувањето на цените“, рекол грчкиот премиер Андонис Самарас, додавајќи дека станува збор за реформи што веќе постојат во други европски земји, кои требаше да бидат реализирани во Грција уште пред неколку години.