Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, и за среќа нема жртви, пренесе МИА, повикувајќи се на грчки медиуми.
Поради инцидентот запрено е движењето на таа железничка линија во Грција, а патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси.
Инцидентот се случил во реонот Амфиклија. Причина за излетувањето на вагоните најверојатно е лизгање на земјиштето поради поројни дождови.