Грчката страна одбила контра предлог од европските институции, соопштија денеска грчки владини извори.
Предлогот, во кој, според Атина, се барало зголемување на приходите од ДДВ и уште поголемо намалување на државните расходи, бил поднесен два часа откако грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази жалење дека ММФ не ги прифаќа мерките кои ги предложи Атина, за време на состанокот на еврогрупата во понеделникот вечер.
Кредиторите тогаш ги оценија мерките на Грција како позитивен чекор напред.