Грција сама ќе ги заштитува копнените граници со Македонија и Албанија, а Фронтекс ќе помага единствено при регистрацијата на бегалците, кои не се регистрирани.
Тоа го изјави грчкиот министер за имиграциска политика Јанис Музалас, истакнувајќи дека одлуката за тоа била донесена многу тешко на средбата за миграцијата во Брисел во неделата.
Синоќа министерот рече дека Грција го отфрлила предлогот за заедничка заштита на нејзините копнени граници со ЕУ.
– На крајот беше одлучи дека обезбедувањето на границите е во надлежност на грчките власти, и дека Грција сама ќе ги обезбедува, додаде министерот.