Грција која денеска на пазарот ги врати обврзниците по четиригодишна пауза, со продажбата на петгодишниот долг собра три милијарди евра.
„Грција денеска објавува дека договорила продажба на петгодишни должнички хартии од вредност во вкупна вредност од три милијарди евра, по каматна стапка од 4,75 отсто,“ се наведува во соопштението на грчкото министерство за финансии, пренесува Франс прес.
Како што се додава во соопштението, има големи барања за обврзниците, а се очекува дека учевството на долгорочните инвеститори надвор од Грција ќе се приближи до 90 отсто.
Побарувачката, според зборовите на вицепремиерот на грчката Влада, Евангелос Венизелос била осум пати поголема од понудата, што грчките официјални лица ја оценуваат како „голем успех“.
Продажбата на обврзниците се одржува еден ден пред најавената посета на германската канцеларка Ангела Меркел во Атина.Само неколку часа пред аукцијата во центарот на Атина, експлодираше автомобил бомба.
Последната емисија на петгодишните обврзници е одржана пред четири години кога добивките на таа хартија од вредност беше 6,1 отсто.
Ваквиот потег на Атина го поздрави Меѓународниот монетарен фонд кој заедно со Европската унија и Европската централна банка пружи голема финансиска помош за Грција.