Грција од Нова година го презема шестмесечното претседавање со Европската Унија со скромен буџет и уште поскромни очекувања, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.
Свесни дека во ЕУ ги гледаат како земја која поради презадолженост, расипништво и корупција ги повлече и останатите во економска и финансиска криза. Грците ветија дека нивното претседавање ќе биде „спартанско“.
Поради тоа Атина за трошоци на своето раководство одреди рекордно низок буџет од вкупно 50 милиони евра, 10 милиони помалку од Ирска, која со Унијата претседаваше во првата половина од 2013 година.
За да ја докаже својата сериозност, премиерот Андонис Самарас неодамна го отпушти шефот на протокол за претседателството кога открил дека намерно потрошил околув125.000 евра за свилени вратоврски и марами кои што како подарок сакал да ги подели на европските функционери и дипломати за време на инагуарицијата.
Драстично е намален и бројот на службеници во грчката мисија во ЕУ, со воведување забрана за вработување на нови, па дури и ангажирање на работници со договор.
Скромноста во трошење на пари ја следи и скромноста во амбициите: за време на грчкото претседавање не се очекуваат важни пресврти во внатрешната и надворешната политика на ЕУ, а голем дел од мандатот ќе мине во знакот на изборите за Европскиот парламент, кои што ќе се одржат во април следната година.
Грција, додуша, ќе биде во прв план на церемониијата на меѓувладината конференција на 21-ви јануари со која Србија официјално ќе ги отвори преговорите за придружување во ЕУ, но ниту тоа не мина без контраверзии.
За разлика од сите останати кои претседаваа во последните неколку години, Грците не го внесоа проширувањето меѓу приоритетите при претставувањето на својата програма за претседавање, што збуни многу земји, вклучувајќи ја и Србија.
Овој „пропуст“ е исправен со неодамнешната изјава на заменик шефот на дипломатија Димитрис Куткулас која рече дека Грција активно ги поддржува земјите од Западен Балкан, како и честитките на Самарас кон Србија за почнување на преговорите по самитот минатиот петок.
Неофицијално, грчките диломати со игнорирањето на проширувањето како приоритет го објаснуваат со долгогодинешните спорови со оваа земја ги има со Македонија околу името и со Турција околу Кипар.
„Ставањето на проширувањето на листата на приоритети нас имплицитно би не обврзало да се откажеме од блокадата на преговорите за придружување со Македонија и Турција, а ние засега не сме подготвени за тоа“, изјавил за српската новинска агенција „Танјуг“ грчки функционер кој сакал да остане анонимен, додавајќи дека поддршката за Србија никогаш не била под знак прашалник.
По се’, скромните амбиции и очекувања од Грција не би требало да бидат тешко исполнливи, а од први јули кормилото ќе го преземе уште една земја која често е прозивана поради корупција, организиран криминал и хронична политичка нестабилност – Италија.