
Најголемите грчки синдикати ГСЕЕ и АДЕДИ, денеска во 11 часот ќе го почнат протестниот марш, а нивна крајна дестинација е плоштадот „Синтагма“ пред зградата на Парламентот. Поради штрајкот многу државни институции и транспорт нема да работат. Вчера во земјата протестираа новинарите, а денеска кон нив ќе се приклучат наставници, медицински работници, вработените на места за лишување од слобода, многу судии.
Голем дел од болниците не работат, а затворени ќе бидат и аптеките. Запрено е движењето на меѓуградските возови, тролејбус, автобуси и траекти. Затворени ќе бидат и училиштата, судниците, а на штрајкот ќе излезат и вработените во затворите.
Отпуштањата во државниот сектор, со кои грчката влада сака да направи вишок во буџетот, како и извршена приватизација, стана повод за незадоволството на многу Грци, кои излегоа на улиците за да им се спротистават на властие.