Грција може да обезбеди засолниште за не повеќе од 70.000 бегалци, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јоанис Музалас, пренесува МИА, повикувајќи се на американските медиуми.
Во интервју за австрискиот весник „Винер цајтунг“,Музалас забележува дека неговата земја не може до бескрај да ги зголемува своите капацитети во прифатните центри и кампови, изградени од вооружените сили.
Во моментов во Грција имаме 33.000 бегалци и мигранти. Доколку тие се зголемат на 50.000 ќе обезбедиме засилниште за сите 50.000. Доколку тие станат 70.000, тогаш ќе обезбедиме и 70.000, изјави министерот.
На прашањето дали земјата може да прифати мигранти над овој број Музалас кусо одговари -„не“.
Министерот додаде дека е „длабоко натажен“ од бегалската криза во Европа, која тој ја гледа како „понижување и деградација на човечкиот живот“.