Грците ги надминаa Американците во потрошувачката на црвено месо

Грција е седмата земја во светот по потрошувачка на црвено месо, а според овој показател нашите соседи ги надмина и Американците. Податоците беа претставени на форум во Солун по повод светскиот ден на хемијата.

На него беше соопштено дека секој Грк, во просек, троши 100 килограми месо годишно, додека оваа потрошувачка при секој жител на САД изнесува до 88 килограми. Според весникот „Тесалоники“, научниците на форумот изнеле податоци дека пред 50 години главен извор на масти за Грците биле маслото и сушеното овошје, додека месните масти, млечни производи, јајца, риба и морски деликатеси беа ограничени поради проблеми од финансиски природа, но и најмногу поради постите по линија на православната црква.