
Грчката и бугарската првославна црква се оглушија во средата на ограничувањата воведени во борба против коронавирусот и прославување на празникот Богојавление по нов стил.
И покрај молбата од премиерот Киријакос Мицотакис црковните власти да бидат пример во кризата којашто во Грција усмрти повеќе од 5.000, верниците присуствувале на утринските богослужби, иако е на сила ограничувањето на бројот на верниците во црквите.
Иако Грција релативно ппоуспешно се справува со коронавирусот од повеќето европски земји, нејзиниот здравствен сисем е ослабен по годините на финансиската криза.
„Државните наредба е една работа, а верата е друга. Ниеден закон не може да ни нареди што ќе правиме“, изјави 38-годишна верничка за AFP којашто се претставила како Ставрула по литургијата во црква на периферија на Атина.
Полицијата стоела пред многу цркви и соопшти дека нема да се меша во верските обреди и дека со „мирни методи“ ќе настојува да убеди луѓето да не тискаат во црквите. Но, бидејќи се создавале гужви, полциијата започна преки разглас да апелираат до луѓето.
Таквиот пристап ја истакна ненаклонетоста на конзервативната влада на Мицотакис да се спротистави со влијателната Православна црква, црква која игра централна улога во грчкиот јавен живот.
Властите во неделата ги продолжи мерките за затворање и го повлека претходното одбрува за богослужби по повод Богојавление со најмногу 50 верници во поголемите цркви и 25 во помалите.
Црковните власти, коишто главно ги почитуваа ограничувањата во пандемијата, во понеделникот испратија писмо до владата дека нема оправдување за спречување на одбележувањето на Богојавление.
Популарниот ритуал во кој пливачите трагаат крстот кој го фрла во водите свештеникот беше занранет годинава, но Reuters TV во црква во Пиреја сними прилог како свештеник посветува вода со крст кој го бакнувале неколку верници со маски.
Во источните православни цркви Богојавление е еден од најважните празници со кои се одбележува Христовото крштевање и објавата на Светото Тројство.
Десетиво Бугари пееја пригодни песни во судените води на реката Тинџа во Калофер и ги игнорираа ограничувањата воведени поради пандемијата. И покрај повиците на власта да се откажат од обичајот годинава, 70-ина мажи се одѕваа на традицијата, а стотици се собраа на бреговите на реката.
„Се обидовме …. да не го одржиме, но немаше начини како. Дури да не им помогнавме, тие секако ќе го стореа тоа. Тоа е важен настан за наштата заедница. Се обидовме да го ограничиме пристапо, но не можевме“, изјави градоначалникот на Калофер, Румен Стојанов.
Откако крстот беше пронајден, мажите се прегрнуваа и пееја придружувани од звуците на тапаните и гајдите, покажуваат телевизиските снимки.
Настанот предизвика жестоки полемики на социјалните мрежи. Едни го поддржуваат, а други повикуваа на казмување на лицата поради кршење на мерките против коронавирусот.
Бугарија, којашто ја има втората највисока смртност според бројот на жителите меѓу земјите во ЕУ, успеа да го намали бројот на новите зарази откако ги затвори училиштата и рестораните, и забрнани големи јавни собрири од крајот на ноември.