![prespa dogovor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/prespa-dogovor.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски на емисија „Само вистина“ образложи дека подобар договор од Преспанскиот договор беше возможен затоа што Преспанскиот договор е најлошиот договор кој што Македонија можеше да го добие.
Да не преговараше македонската страна, само да им дадеа празен лист хартија на Грците да си напишат што сакаат, ќе имавме подобар договор, бидејќи незгодно ќе им беше на Грците да напишат волку работи колку што добија. Значи апсолутно го имаме најлошиот договор кој што можеше да се постигне за името. И факт е дека со една напорна работа, со посветеност, со една чесна влада и со влада која што сака да го реши спорот, но, во исто време се спрема, има аргументи позади себе и меѓународни пријатели… во такви услови апсолутно може да се постигне подобар договор од овој договор, кажа Николовски.
Тој додаде дека во однос на актуелната ситуација, ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се’ да спречи договорот да се реализира во Собранието.
Со наши аргументи што ќе ги искажеме во Собранието ќе се премислат и пратениците од СДСМ и останатите пратеници кои што гласаа. Затоа што аргументите се целосно на нашава страна, посочи Николоски.