![grcite svesni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/grcite-svesni.jpg?resize=622%2C414&ssl=1)
И покрај убавата предност од два гола, предводникот на актуелниот шампион на Грција, тимот на Олимпијакос, Мичел, ги потсети своите фудбалери дека ништо не е готово и дека таквата предност може да се покаже како недоволна за да се елиминира англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.
„Ова е нешто специјално, ова е специјана победа над големиот Манчестер Јунајтед. Не можам да ја сокријам големата радост која ја чуствувам. Горд сум на моите фудбалери, ова е еден од најголемите моменти во клупската историја. Сепак, мора да го одиграме и реванш дуелот на “Олд Трафорд”. Очекувам сосема поинаква игра од Манчестер Јунајтед. Прават грешка сите тие кои мислат дека оваа предност е доволна за да се елиминира англискиот премиерлигаш. 2:0 не е доволно, мора да го дадеме макимумот и на реванш дуелот во Англија. Ништо не е готово, ја добивме првата рунда, го запревме напаѓачкото дуо Ван Перси – Руни, но очекувам вистински пекол на “Олд Трафорд”, изјави Мичел.