Грците за струја должат милијарда и 700 милиони евра

До крајот на јули неплатените сметки за електрична енергија на Грците кон Националната електрична компанија (ДЕИ) изнесувале повеќе од една милијарда и 700 милиони евра, објави електронското издание на грчкиот весник „Етнос“, објави МИА.

ДЕИ парите за неплатена електрична енергија ќе ги бара по  судски пат.

Цената на електричната енергија се зголеми годинава со новата такса за струја, која е различна во зависност од потрошената електрична енергија.

Најмногу, 950 милиони евра должат домаќинствата, а потоа следат потрошувачите на високволтна енергија, а 180 милиони евра неплатени сметки има државниот сектор.