По консултации со координаторите на прифатните центри на островите и на копно во Грција, на телевизиските екипи и новинари не им се дозволува влез во каквите објекти.
Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, денеска го соопшти грчкото Министерство за внатршни работи, без да ги образложи причиние за ваквата одлука, ниту пак има дообјаснување дали забраната се однесува на сите новинарски екипи или само на странските.
Забраната е во сила „до дополнителни информации“, истакнува грчкото МВР.