Дрогата била натоварена во две возила со грчки регистарски таблички.
Кога полицијата се обидела да ги запре, лицата кои управувале со нив ја зголемиле брзината на движење, по што полицијата продолжила да ги следи.
Кусо потоа уапсен е еден од нарко-шверцерите, албански државјанин на 32-годишна возраст и запленети се двете возила, кои по извршената контрола било утврдено дека се украдени во Атина. И другиот нарко шверцер, по кого трага полицијата, е албански државјанин.
Дрогата била илегално внесена на грчка територија преку планински предел на албанско-грчката граница, а крајната дестинација била Атина.
Од почетокот на годинава албанската, грчката и италијанската полиција запленија повеќе од четири тони марихана, произведена на територијата на Албанија.