
Хеликоптер на грчката војска се урна во морето кај Солун, на само неколку метри од брегот. Двајцата пилоти за чудо го преживеала падот и итно биле пренесени во болница.
Хеликоптерот на армијата на Грција паднал во морето за време на воената вежба „САРИСА -2016“, големата операција во која учествува и американската војска , вежбата завршува на 23 септември.
Хеликоптерот „Боинг АХ-64 Апач“ во употреба е од 1986 година, инаку грчката војска располага со 28 апачи хеликоптери.