Грчки државјанин е пронајден починат без траги на насилство во средата ноќта во автомобил паркиран во една од прилепските населби.
На 11.10.2017 година околу 23:50 часот во Прилеп било пријавено дека на паркинг простор во населбата Точила во патничко моторно возило „нисан микра“ со грчки национални ознаки, на предното седиште бил пронајден починат 49-годишниот В.М. од Грција, извести МВР
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без знаци на насилство.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.