Грчки медиуми: На изборите на 5-ти јуни ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на Груевски

платформа

Во Грција и натаму нема дилема дека победник на престојните парламентарни избори ќе биде влаедеjачката ВМРО ДПМНЕ на чело со лидерот Никола Груевски. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчката државна новинска агенција АНА-МПА информира дека датумот за избори е поместен на 5-ти јуни.

Конечно, според најновите информации, изборите се планирани за 5 јуни. Според анкетите, најверојатно повторно ќе победат ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, кој што е на власт во земјата од 2006-та, стои во текстот.

И во текст на весникот Авги се посочува дека ВМРО ДПМНЕ на Груевски е во водство пред СДСМ на Заев.

Политичката криза во земјата трае повеќе од една година и има пошироки димензии, по скандалот со телефонското прислушкување и обвинувањата на опозицијата за вмешаност на партнерите на Груевски. Сепак, премиерот на бј Р Македонија сеуште има стабилно водство во анкетите, стои во текстот на Авги.

Токму поради фактот што во Грција се чини дека нема соменение дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи на изборите, во грчката јавност во континуитет се изразува незадоволство од, како што велат, тоа  што македонските власти преку мигрантската криза нашле начин за промоција на односите со Брисел, додека Груевски порачува дека нема да направи никакви отстапки во однос на уставното име, идентитетот и референдумот како единствен начин за постигнување решение.

Прозорец за промоција на односите со ЕУ и НАТО најде лидерството во Скопје со помош на прашањето за миграцијата, додека Никола Груевски покажува нетолерантност, посрамувајќи ја грчката Влада…Груевски за кого сите индикации велат дека ќе биде победникот на изборите во Скопје, прати јасна порака до Атина дека нема да се попушти за ништо и избегна да спомене било што во насока на наоѓање на ново сложено име, инсистирајќи на уставното име „Република Македонија“. Еднствените „отстапки“ за кои што се чини дека се согласува да ги направи е… да потпише дека не постојат претензии кон Грција и дека не се противи, како што рече, на тоа и Грција да го користи името Македонија! За другите прашања, г-динот Груевски ја прекина секоја дискусија, пропишувајќи ја крајно тврдата позиција која што треба да се следи, веројатно охрабрен од зголемената улога на земјата во запирањето на миграцијата. Г-динот Груевски рече дека тој нема да прифати ништо што ќе се одрази на „Македонскиот идентитет и јазик“ и што ќе ја загорози „Македонската нација и држава“ и одби било каква можност за менување на Уставот со цел менување на уставното име. Менувањето на Уставот со цел да се обезбеди уставен статус на името, е можеби единствената гаранција за имплементација на кој било консензус за новото име што ќе се користи за сите, напиша неодамна порталот „Либерал“, нагласувајќи дека Груевски го реафирмирал и ставот дека секое евентуално решение ќе треба да се одобри на референдум.

Со речиси идентични тези неодамна излезе и анализа во весникот „Катимерини“, во која што исто така беше изразено незадоволство поради добрата соработка на Македонија со Европските институции во однос на бегалците, што според весникот, го подобрува имиџот на земјата во Брисел, во период кога постои барање за отварање на пристапните преговори за членство, додека слична состојба се создава и во однос на НАТО. И „Катимерини“ изразува незадоволство од актуелната состојба во однос на прашањето со името, нагласувајќи дека во 92 ра и 93 та имало шанса за затварање на прашањето со Скопје со решение што многу повеќе и одговарало на Грција, од она што и се нуди денес.