Грчки навивачи малтретирале вработен на бензинска на „Лукоил“

Грчки навивачи малтретирале вработен на бензинска на „Лукоил“
Грчки навивачи малтретирале вработен на бензинска на „Лукоил“
Навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ вчера околу 11 часот на бензинската пумпа на „Лукоил“ кај Куманово без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35), соопшти денеска МВР.

Тие го удриле по главата и телото, го плукале, го влечеле и туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот.

Во 15 часот во полициската станица во Куманово, поради основано сомнение дека се сторители на нападот врз вработениот на бензинската пумпа „Лукоил“, се приведени и задржани грчките државјани Х.А. (26), П.Ф. (26) и  Т.В. (29).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.