Грчкиот јавен сектор во штрајк

Јавниот сектор функционира во средата забавено во Грција поради штрајкот на службениците против мерките за штедења, прв откако земјата во август излезе од осумгодишниот финансиски надзор на меѓународните кредитори Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Синдикатот на јавниот сектор Adedy кој претставува околу половина милиони службеници, бараат враќање на приходите на претходните нивоа со поништувањето на кастрењето на платите и пензиите, како и зголемувањето на даноците коишто на Грција и’ ги диктираа странските доверители. Актуелната влада на премиерот Алексис Ципрас од крајната левица Сириза, го доби мандатот токму поради ветувањата за прекинување на мерките за штедење и откажување на договорите диктирани од ЕУ и ММФ.

Штрајкот доаѓа во пресрет на состанокот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, чиешто зелено светло го чека Атина за да се откаже од новото намалување на пензиите предвидено од 1-ви јануари. Грција се надева дека ќе ги убеди своите партнери да се откажат од тоа аргументирајќи со буџетските успеси, но нејзините финансии остануваат под висок надзор, имајќи предвид дека јавниот долг изнесува речиси 180 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Според синдикатот Adedy, платите на службениците во јавниот сектор се „во редот на големината од 40 отсто“, додека кастрењата во пензиите варирале меѓу седум и 35 отсто.