![greece-parliament](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/greece-parliament.jpg?resize=640%2C424&ssl=1)
Протоколот за членство на Македонија во НАТО во четврток ќе биде доставен и ќе го разгледа надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, а во петок ќе се најде пред грчките пратеници на пленарна седница, по што ќе биде и гласањето, соопшти претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, јави дописничката на МИА од Атина.
Предвидено е и Комисијата и пленарната седница да траат по еден ден.
За да биде изгласан протоколот, потребни се 151 глас, а се очекува дека сите пратеници кои гласаа за ратификацијата на Договорот од Преспа, да го поддржат и членството во НАТО.