–Македонија, како лулка на културата и храброста на Грците, беше, е и ќе остане грчка. Фалсификаторите на историјата, кои што се осудуваат да ја негираат грчкоста на Македонија, ќе бидат исмеани поради некохерентните тврдења. Оние пак, во меѓународната заедница кои што индиферентно го набљудуваат ова или пак го симпатизираат, се директни или индиректни соучесници во силувањето на историјата, порача Павлопулос.
Вџашеност поради ваквите ставови на грчкиот претседател изразуваат од европската слободна алијанса од Брисел, чиј член е и партијата на Македонците во Грција „Виножито”.
Вакви изливи на иредентизам и нетолеранција не само што не се прифатливи и целосно недостојни за државник од европската унија во 21 ви от век, туку истовремено се во спротивност со основниот здрав разум. Сите знаат дека постои голем број на етнички Македоци што живеат во грчкиот дел на Македонија и дека исто така, постои и независна земја наречена Република Македонија на северната граница на Грција”, стои во реакцијата.
Тврдењето дека Македонија е една и грчка е во спротивност со Времената спогодба од 95 та, која што забранува монополизирање на терминот Македонија. Сепак, поголемиот дел од јавното мислење во Грција оди во оваа насока, со оглед на тоа што тезата дека Македонија била една и грчка е поддржана од најголем дел од паралементарните политички партии, како владеачката Неависни Грци и опозициските Златна Зора и Нова Демократија, од чии редови е и Павлопулос. Токму од оваа теза понатаму произлегува и позицијата на овие партии дека решението на спорот со нашата земја треба да биде име кое што не смее да го содржи терминот Македонија.