Грчкиот Врховен суд денеска доби поштенска пратка што содржела три куршуми,.
Во писмото се бара итно „ослободување на уапсените“, без да се потенцира за кого точно станува збор.
– Претпоставуваме дека пратката е од екстремната десница, бидејќи заканите се напишани на старогрчки јазик, слично на начинот на изразување кој го употребува партијата Златна зора, нагласил официјален претставник.
Правото на Златна зора да учествува на евроизборите беше доведено во прашање пред одлуката на Врховниот суд, бидејќи против партијата се води истрага за криминална дејност. Меѓу кандидатите на Златна зора за Европскиот парламент се наоѓаат двајца пензионирани високи армиски офицери.