
Во Грција од утрово е прекинат 24-часовниот штрајк организиран поради најавените нови мерки за штедење.
Граничните премини, кои беа блокирани поради штрајкот, повторно се отворени и проодни за возила.
Поради штрајкот беа откажани многубројни авионски летови, во прекин беше движењето на фериботите и возовите, како и јавниот сообраќај.
Училиштата и болниците исто така беа затворени, а не работеа ниту медиумите.
Грците на штрајк ги повикаа синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор ГСЕЕ и АДЕДИ.