Празниците значат и примерно однесеување во сите сегменти на нивното празнување, а не да се оставаат сцени кои може предизвикаат нивно претворање во тажење. Веруваме дека многу верници од исламска вероисповед убаво го прославиле празникот со своите најблиски, но она што се гледа на Фејсбук статус е далеку од примерно и прмиер за идните поколенија.
Да оставиш органи, коски и останати делови од животните жртвувани како курбан за Курбан бајрам на 40 степени, и тоа покрај детско игралиште, е далеку од празнично чествување. Тоа е извор на разни зарази и болести, а и слика што „многу сакаат“ да ја видат во ЕУ.
Читател сликата ја направил во село Лабуништа, кај месноста Калишта – Струга.