За разлика од сите останати диети и режими на исхрана, оние кои ја испробале грејпфрут диетата тврдат дека токму таа е „ас од ракав“ благодарение на кој ќе ја дотерате линијата.
Грејпфрут диетата има две верзии.
Првата и поригорозна е онаа која препорачува консумирање исклучиво на грејпфрути, со што се постигнува драматично губење на килограмите за краток период. Внесувањето само грејпфрут ви гарантира подобро здравје и изглед, затоа што неговата енергетска вредност ги прочистува крвните садови и истовремено ви помага да согорите маснотии.
Втората верзија се заснова на консумирање на ова овошје пред секој оброк. Поточно, пред да појадувате, ручате и вечерате каснете половина грејпфрут или исцедете го, па испијте го како сок. Лицата кои ќе се одлучат за овој режим на исхрана може да уживаат во масната храна.
Она што на повеќето нема да им се допадне дека за време на диетата е забрането било какво внесување на шеќери.
Сепак, дозволени ви се сите видови месо, риби, јајца, млеко и млечни производи.
Житарките и тестенините исто така се ограничени.
Како и во секоја диета, дозволено е овошје и зеленчук во големи количини.
Начинот на кој ја подготвувате храната е по ваш избор, што значи дека вклучено е и варењето на пареа и печењето и пржењето.
Диетата не побарува некои посебни откажувања, туку само секое утро да го почнувате со сок од грејпфрут на празен стомак.
Времетраењето на диетата не е ограничено, освен во случај ако се одлучите за првиот концепт, кој не би требало да трае повеќе од 1-2 недели.
Грејпфрутот содржи ензими кои го забрзуваат процесот на варење и разградување на мастите, па затоа оваа диета е базирана на него.