![Gremi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Gremi.jpg?resize=696%2C459&ssl=1)
Присуството на музичките ѕвезди од минатото и сегашноста помогна да се зголеми публиката за телевизискиот преност на мрежата CBS на 66-то доделување на Греми наградите.
Неделната церемонија одржана во арената „Crypto.com“ во центарот на Лос Анџелес, чиј домаќин беше Тревор Ноа, имаше просечно 16,9 милиони гледачи и веројатно ќе надмине 17 милиони, откако ќе се додадат гледачите надвор од домот на конечниот резултат објавен од агенцијата Nilsen.
Тоа е 34 пати повеќе гледачи од минатата 2023 година, а во исто време и најголем број од доделувањето на наградите Греми по она во 2020 година. Тоа доделување на наградите се одржа непосредно пред избувнувањето на пандемијата на ковид-19, што се чини дека ја зголеми гледаноста на шоуто во тоа време.
Греми се второто значајно доделување на награди оваа година на кое се забележува голем пораст на гледаноста. Ревитализираните Златни глобуси, исто така пренесувани во живо на CBS, забележаа зголемување на рејтингот за 50 проценти од минатата година, иако рејтингот сè уште е значително помал од оној во 2019 година.
Гледаноста на преносите за доделување на наградите во живо беше намалена последниве години, бидејќи младите гледачи претпочитаат да ги следат овие програми во кратки клипови на социјалните мрежи, наместо со часови да го следат преносот во живо. Пандемските мерки на претпазливост кои бараат маски и социјално дистанцирање ја попречија логистиката на сериите, а гледаноста падна на рекордно ниско ниво во 2021 година.
На 66-то доделување на Греми наградите учествуваше поп-ѕвездата Тејлор Свифт, која не настапи, но излезе на сцената за да прими две Греми за песната „Midnights“. Таа стана првата жена изведувач што освоила четири награди за албум на годината, надминувајќи ги Френк Синатра, Стиви Вондер и Пол Сајмон.
Но, ноќта беше исполнета со легенди чии изведби предизвикаа масовен одек на социјалните мрежи, вклучувајќи го и дуетот на Трејси Чепмен во нејзиниот класик „Fast Car” од 1988 година со кантри-ѕвездата Лук Комбс, кој повторно стана хит минатата година.
Џони Мичел, која сега има 80 години, ја одушеви публиката со својот кралски изглед додека ја изведе својата класика „Both Sides Now“.
Били Џоел го заврши шоуто со својата прва нова песна по 30 години. Почитта за ѕвездите „In Memoriam“ ги вклучи Стиви Вондер и Ени Ленокс.
Најдобри изведувачи беа Мајли Сајрус, која ја освои наградата со албумот издаден годинава „Flowers“, SZA, Били Ајлиш и Дуа Липа