Гренел: Идејата за размена на територии не е на Трамп, туку на Болтон

Тој исто така рече дека сега се бори против гласините што протекоа поради фактот дека Болтон водел своја политика, а не ја претставувал политиката на Трамп, пренесува Косово oнлајн.

– Во моментов сум во поинаква позиција поради ситуацијата што ја создаде Џон Болтон, а кој се разликуваше од претседателот Трамп во однос на Косово и Србија. Цело време морав да се борам со гласините за размена на територии, што во никој случај не е политика на Трамп. Двете страни велат дека тоа го слушнале од Болтон, рече Гренел во интервју за „Фокс њуз“.

Тој исто така рече дека сега се бори против гласините што протекоа поради фактот дека Болтон водел своја политика, а не ја претставувал политиката на Трамп, пренесува Косово oнлајн.

– Кога ќе се согласите да работите за претседател како Трамп, кој е човек кој сака да го смени Вашингтон, не можете да се однесувате како Џон Болтон. Ова не е конфликт меѓу демократите и републиканците, туку војна меѓу официјален Вашингтон и остатокот од Америка, рече Гренел