Гренел, пријателот на Мицкоски, е назначен од Трамп на висока позиција на Балканот

Пријателот на премиерот Христијан Мицкоски, Ричард Гренел- поранешен шеф на Националната разузнавачка служба, сега е назначен на висока позиција на Балканот.

Според извор од кабинетот на Трамп за Ројтерс, Гренел ќе се фокусира и на тензиите на Балканот.

Тој беше амбасадор на Трамп во Германија, специјален претседателски пратеник за мировните преговори за Србија и Косово и вршител на должноста директор на националното разузнавање за време на мандатот на Трамп 2017-2021 година.

По кампањата за Трамп, пред изборите на 5 ноември, тој беше главен кандидат за државен секретар, работа што му припадна на американскиот сенатор Марко Рубио. Исто така  Гренел се сметаше за специјален пратеник за војната во Украина, која му припадна на пензионираниот генерал-полковник Кит Келог.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека го назначува Ричард Гренел, за претставник на претседателот за специјални мисии и политика кон некои непријателски држави, вклучително и Северна Кореја.

Рик ќе работи на некои од најжешките точки во светот, вклучувајќи ги и Венецуела и Северна Кореја, објави Трамп на Трут Соушл, без детали за новите должности на Гренел, кој беше и специјален пратеник на претседателот за преговорите меѓу Белград и Приштина од 2019 до 2021 година.

Инаку, една меѓу првите средби на премиерот Мицкоски, по добивање на премиерската функција беше во Вашингтон со еден од најблиските луѓе на Трамп, Ричард Гренел.

На првата средба со Гренел и Мицкоски во Вашингтон, присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а втората средба следеше брзо потоа во кабинетот на македонскиот премиер.