Силна антирасистичка порака, голема грешка на „Окото соколово“ и победата на Менчестер Сити во дербито со Арсенал го одбележаа вражањето на Премиер лигата по 100 дена пауза поради пандемијата на коронавирусот.
Натпреварувањето во елитната класа на англискиот фудбал започна за заостанатите натпревари од 28-то коло меѓу Манчестер Сити и Арсенал, и дуелот на Астон Вила со Шефилд Јунајтед.
Пред почетокот на двата меча играчите на сите четири екипи, како и двајцата судии Мајкл Оливер и Ентони Тејлор, клекнаа во знак на поддршка на движењето „Black Lives Matter“ и протестите во западните земји против расизмот. Играчите ги одиграа натпреварите во дресовите на кои наместо нивните презимиња беше испишано името на споменатото движење, а слична промоција ќе се случи и на првите 12 натпревари од продолжувањето на првенството. Одржана беше и минута молк во знак на сеќавање на жртвите на коронавирусот.
Во дербито на вечерта Манчестер Сити го победи Арсенал со 3:0, и со тоа само за малку го одложи славејето на Ливерпул кој 30 години чека на новата титула, а во недела се соочува со градскиот ривал Евертон.
Победата на „Граѓаните“ ја донесоа Рахим Стерлинг со погодокот во судиското продолжение на првото полувреме, Кевин де Брујне од пенал во 50 минута, кој го скриви Давид Луиз и кој за тоа доби црвен картот и Фил Фоден во последните моменти од мечот кој беше продолжен 11 минути. Арсенал имаше голем пех на овој дуел, откако во 25 минута поради повреди мораше да бидат заменети двата стартера Гранит Џака и Пабло Мара. Во 81-та минута на носилки од теренот беше изнесен и халфот на „Граѓаните“ кој не можеше да го продолжи дуелот.
Стерлинг со овој погодок стана првиот фудбалер во последните 72 години кој постигнал гол во англиското првенство во јуни. Последниот кому тоа му успеало беше Ваатер Рикет во 1947 година за Шефилд Јунајтед против Стоук Сити.
Во книгата на рекордите се впиша и Давид Луиз кој е првиот играч во последните пет години кој згрешил за водечкиот погодок, притоа направил пенал и заработил исклучување. Со овој своевиден „хет-трик“ последен можеше да се пофали Карл Џенкинсон кому тоа му успеа во дресот на Вест Хем Јунајтед во 2015 година против Борнмут.
Во првиот натпревар во историјата на Премиер лигата кој е одигран без навивачи и со строгите здравствени протоколи Астон Вила и Шефилд Јунајтед одиграа без голови. Меѓутоа, средбата ја одбележа судски превид во 42 минута, кога гостите постигнаа регуларен погодок но не беше признат.
Голманот на домашната екипа Орјан Ниланд со топката во рацете влезе во голот по едно нафрлување. Гостите почнаа да слават, но Оливер покажа играта да продолжи бидејќи уредот на гол-линијата не го регистрирало минувањето на топката преку линијата, иако во телевизскиот пренос јасно се гледаше дека топката со целиот обем завршува во голот на Астон Вила.
Компанијата „Hawk-Eye“ по мечот им се извини на гостите поради техничкиот пропуст.
„Судијата не го прими сигналот дека топката влегла во голот, бидејќи се случи нешто што никогаш порано се немаше случено, што не сме го виделе на над 9.000 мечеви. Сите седум камери кои ја покриваат гол-линијата ги покриле голманот, фудбалерите и стативите. Им се извинуваме на Премиер лигата и на оштетениот клуб“, објавија од компанијата додавајќи дека системот бил тестиран пред дуелот и нормално фикционирал.
Двата меча беа одиграни под строгите протоколи за да се спречи можното ширење на коронаворусот, кој во Британија однесе близу 42.000 животи. Само по 300 лица вкупно, како и во Германија, се дозволени на стадионите кои беа поделени во три различни сигурни зони. На почетокот на мечот ги немаше вообичаените сцени. Екипите одвоено излегуваа на теренот од соблекувалните, а ракувањето е забрането, како и туширањето по завршувањето на мечот.
На табелата води Ливерпул со 82 бода, 22 повеќе од Манчестер Сити, додека трет е Лестер Сити со 53 бода. Арсенал е изненадувачки дури 9-ти со 40 бодови, пет помалку од позициите кои водат во европските натпреварувања следната сезона.
Астон Вила и натаму е во заната на испаѓање на 19-то место со 26 бодови, бод помалку од местата кои гарантираат опстанок, додека Шефилд Јунајтед напредуваше на 6-то место со 44 бодови, само еден помалку од позициите за континталните турнири.